Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
После интензивна подготовка, на 20 јуни 2008 ИКТ комората до Комисијата за заштита на конкуренцијата достави Барање за поведување на постапка против „Македонски Телеком АД“.
Еве го пропратното писмо, а можете да го преземете и Барањето до Комисијата за заштита на конкуренцијата (PDF, 160 KB).
Почитувани господа,
Би сакале да ве известиме за испраќањето на нашето Барање за поведување постапка за заштита на конкуренцијата, доставено до Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Во ова барање, аргументирано докажуваме дека „Македонски Телеком АД” (Телеком) континуирано ги прекршува Уставот, релеватните закони и спогодби, на тој начин што ја злоупотребува својата доминантна положба на пазарот и врши нелојална конкуренција во полето на продажба на компјутерска опрема.
Со ваквото дејствување, Телеком директно ја доведува во криза ИТ индустријата во Македонија. Дека не се работи само за формална изјава, зборува и фактот што - според проценките кои ги имаме на располагање - Телеком на пазарот на персонални компјутери учествува дури со 50% од прометот (25 - 30,000 комплети годишно). Што тоа значи за компаниите кои се бават со овој вид дејност, а особено оние помалите, можете лесно да претпоставите. Во нашата комора постојано пристигнуваат поплаки од колегите кои се жалат на драстично намалениот промет.
Истовремено, би сакале да укажеме на уште еден момент. Имено, познат е фактот дека македонската држава поседува голем број на акции во Телеком и има влијание во неговото управување и начинот на делување.
Доколку државната администрација итно не постапи по нашето барање, тоа ќе претставува редок пример на неетичко однесување на државата која со своето дејствување директно им конкурира на сопствените даночни обврзници - компаниите од ИТ индустријата, притоа доведувајќи ги на работ на егзистенцијата.
Затоа, Ве молиме внимателно да го разгледате нашето барање и во рамките на законските ингеренции и можности веднаш да преземете соодветна акција.
Срдечен поздрав,
Ванчо Орданоски,
претседател на ИКТ Комората при ССКМ
Копие:
- Премиерот на Владатана Р.М- г-дин Никола Груевски
- Министерот за ИО - г-дин Иво Ивановски
- Министерството за економија
- Делегацијата на Комисијата на ЕУ во Македонија
100.000 компјутери на Груевски стојат во магацин
(Пренесено од „Вест“ од 05 фев. 2008)
ФИЈАСКО - И ПО ЕДНА ГОДИНА ОД АКЦИЈАТА “КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ”
Во битолската гимназијата “Јосип Броз Тито” велат дека уште ги чекаат масите за компјутерите. Само три средни училишта во државата добија половина од потребните компјутери
Владиниот проект “Компјутер за секое дете” што пред повеќе од една година го најави премиерот Никола Груевски се уште не е реализиран.
Цела година се проверува електричната инсталација во училиштата и речиси сигурно е дека компјутерите нема да влезат во школите до крајот на оваа учебна година.
“Од вкупно 100.000 компјутери кои треба да бидат донесени во училиштата, 90% од нив се пристигнати во земјава и се чуваат во магацини. Останатите треба да пристигнат во март”, вели Дрита Мамути, портпарол во Министерството за образование и наука. “Сега се работи на подобрување на електричната инсталација. Пред две недели испративме допис до сите училишта во кој ги информираме дека екипи на Македонската радиодифузија ќе доаѓаат да ја проверат инсталацијата. Тие ќе вршат вмрежување на компјутерите”, објасни Мамути.
Состанок на ИКТ комората со министерот Иво Ивановски
На 31.01.2008 година претставници од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија одржаа состанок со Министерот без ресор одговорен за информатичко општество - г-дин Иво Ивановски. На овој работен состанок како претставници на ИКТ присуствуваа следниве претставници:
- Ванчо Орданоски, претседател на ИКТ комора Македонија
- Методија Пејоски, член на Управен одбор на ИКТ комора Македонија
- Саша Огненовски, член на Управен одбор на ИКТ комора Македонија
- Александар Пајковски, член на ИКТ комора Македонија
- Богдан Тодоровски, член на Управен одбор на ИКТ комора Македонија
- Александра Трајковска, координатор во ИКТ комора Македонија
Стопанство
За четири месеци „Телеком“ двојно го зголеми бројот на корисници на АДСЛ
17 December 2007Утрински Весник (17/12/2007)
Активности, Соопштенија за медиуми, Стопанство
За неполни 4 месеци откако „Македонски телекомуникации“ ги намали цените на услугата АДСЛ, бројот на корисници пораснал за речиси 100 отсто. Пред да се коригираат цените, во септември компанијата имала 20.000 корисници на АДСЛ, а по намалувањето има вкупно 44.000 претплатници на АДСЛ. Значи, „Телеком“ придобил 24.000 нови корисници за четири месеци, што е рекорд ако се има предвид дека бројката е зголемена двојно.„Космофон“ - нова членка на ИКТ комората
7 December 2007
Една од најуспешните компании за мобилна телефонија на македонскиот пазар „Космофон” пристапи во Комората за информатичко комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија („ССК”).
„Заедно сме многу посилни во изнаоѓањето на решенија за нашите проблеми во меѓусебната соработка и просперитетот на сите членки на ССК” - изјави г-дин Ванчо Ордановски, претседател на ИКТ комората. „Збогатувањето на ИКТ комората со реномирана компанија како што е компанијата „Космофон” ќе претставува значаен импут за подобрување и унапредување на македонската деловна клима, а со тоа и за националната економијата во целост” додаде тој.
Најнови содржини
- Активности: Одржано редовно годишно собрание на ИКТ комората
- Седници на УО: Закажано годишно Собрание на ИКТ Комората
- Ние во медиумите: Утрински: Компјутерџиите се жалат дека „Телеком“ нефер им зема од пазарот
- Стопанство: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Соопштенија за медиуми: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Ставови: Второ писмо до Владата со забелешки за спроведување на Законот за ваучери








