Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Утрински: Компјутерџиите се жалат дека „Телеком“ нефер им зема од пазарот
„Утрински весник“ на 6 август 2008, го објави следниов напис во врска со жалбата на ИКТ комората до Комисијата за заштита на конкуренцијата во врска со нелојалната конкуренција на „Телеком“ на ИТ пазарот.
Иако претседателот на ССКМ, г-дин Венко Глигоров во текстот е цитиран како изјавува дека ССКМ нема расправано за овој потег на ИКТ комората, сепак, мораме да го потсетиме дека на седницата на Управниот одбор одржан непосредно пред поднесувањето на барањето, сите присутни членови беа информирани за овој потег и ја изјавија својата поддршка. Дури беше развиена и мала дискусија во која позитивно беше оценета иницијативата на ИКТ комората како вистински пример на заштита на правата на бизнисите.
Го пренесуваме интегралниот текст од Утрински:
Ние во медиумите, Стопанство100.000 компјутери на Груевски стојат во магацин
(Пренесено од „Вест“ од 05 фев. 2008)
ФИЈАСКО - И ПО ЕДНА ГОДИНА ОД АКЦИЈАТА “КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ”
Во битолската гимназијата “Јосип Броз Тито” велат дека уште ги чекаат масите за компјутерите. Само три средни училишта во државата добија половина од потребните компјутери
Владиниот проект “Компјутер за секое дете” што пред повеќе од една година го најави премиерот Никола Груевски се уште не е реализиран.
Цела година се проверува електричната инсталација во училиштата и речиси сигурно е дека компјутерите нема да влезат во школите до крајот на оваа учебна година.
“Од вкупно 100.000 компјутери кои треба да бидат донесени во училиштата, 90% од нив се пристигнати во земјава и се чуваат во магацини. Останатите треба да пристигнат во март”, вели Дрита Мамути, портпарол во Министерството за образование и наука. “Сега се работи на подобрување на електричната инсталација. Пред две недели испративме допис до сите училишта во кој ги информираме дека екипи на Македонската радиодифузија ќе доаѓаат да ја проверат инсталацијата. Тие ќе вршат вмрежување на компјутерите”, објасни Мамути.
Софтверска грешка во даночните олеснувања
Компјутерските програми произведени во Македонија нема да се оданочуваат со повластен ДДВ од 5 отсто, како увезениот софтвер и компјутери, со што им се нанесува штета на македонските софтверски компании.
Според Асоцијацијата на информатички компании при Сојузот на комори, со ова државата загрозува околу 100 македонски фирми кои произведуваат повеќе од 90 отсто од софтверот што го користат домашните компании.
Собранието минатиот месец ја прифати владината одлука да се намали ДДВ за набавка на компјутери и на софтвер. Цените во овој сектор почнаа да се намалуваат мината недела.
Најнови содржини
- Активности: Одржано редовно годишно собрание на ИКТ комората
- Седници на УО: Закажано годишно Собрание на ИКТ Комората
- Ние во медиумите: Утрински: Компјутерџиите се жалат дека „Телеком“ нефер им зема од пазарот
- Стопанство: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Соопштенија за медиуми: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Ставови: Второ писмо до Владата со забелешки за спроведување на Законот за ваучери








