Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Закажано годишно Собрание на ИКТ Комората
Почитувани членови на ИКТ Комората,
Претседателот на ИКТ Комората, г-дин Ванчо Орданоски, свикува седница на Собранието на Комората.
Седницата на Собрание ке се одржи на 10 февруари 2008 год. (вторник) во 12:00 часот.
За просториите во кои ќе се одржи седницата, дополнително ќе бидете известени.
Предлогот на дневен ред за седницата на Собранието е следниов:
- 1. Усвојување на Записникот од одржано редовно годишно Собрание на ИКТ Комората на 01.02.2008
- 2. Извештај за работењето на Комората во 2008 година План за активности во 2009 година
- 3. Избор / реизбор на Претседател на комората
- 4. Избор / реизбор на членови на Управен одбор на комората
- 5. Избор / реизбор на членови на Надзорен одбор на комората
- 6. Разно
Евентуалните забелешки и додатоци на дневниот ред за седницата на Собранието, членките ќе можат да ги искажат на проширената седница на Управен одбор, која ќе биде подготовка на Собранието. Оваа седница ќе се одржи една недела пред седницата на Собранието, а дополнително ќе Ве известиме за точните датум и место на одржување.
Ве молиме да го пријавите вашето учество на телефон 02/3091-440 или на е-маил: iktkomora@sоjuzkomori.org.mk
Активности, Календар, Седници на УОСедница на Управен одбор на ИКТ комора
Драги членки,
Ве информираме дека г-дин Ванчо Орданоски, претседателот на ИКТ Комората при Сојузот на стопански комори на Македонија свикува седница на Управниот одбор во проширен состав. Ова значи дека се поканети и добродојдени сите членки на комората.
Седницата ќе се одржи на 8 февруари 2008 година во Штип, со почеток во 15 часот. За просториите каде ќе се одржи седницата, дополнително ќе бидете известени.
Бидејќи просторот е ограничен и треба да се планира, ги молиме сите оние кои сакаат да присуствуваат да го пријават своето учество на ikt@sojuzkomori.org.mk или на телефон/факс 02/3091-440.
(читајте понатаму за дневниот ред…)
Активности, Седници на УОЗаписник бр. 01/08 од одржаната седница на УО на ИКТ Комората на Македонија на 10.01.2008 година
Дневен ред
1. Усвојување на Записник од претходно одржана седница на Управен одбор на ИКТ комора Македонија
2. Закажување на редовно годишно собрание на ИКТ комора
3. Разно.
Управниот одбор можеше полноправно да одлучува бидејќи на седницата имаше кворум (седум члена од Управниот одбор).
Преземете овде : Записник бр. 01/08 од одржаната седница на УО на ИКТ Комората на Македонија на 10.01.2008 година (pdf).
Активности, Календар, Седници на УОПроширена седница на УО
Претседателот на ИКТ Комората, г-дин Ванчо Орданоски свикува проширена седница на Управниот одбор.Седницата на Управниот одбор ќе се одржи на 25.01.2008 год. (петок) во 15:00 часот во сала за состаноци на Форум, (нас. Аеродром Ул. „Коста Новаковиќ” бр.16 ) со следниот предлог:
Активности, Календар, Седници на УОГодишно собрание на ИКТ Комората
Претседателот на ИКТ Комората, г-дин Ванчо Орданоски, свикува седница на Собрание.Седницата на Собрание ќе се одржи на 01.02.2008 год. (петок) во 13,00 часот за просториите на одржување на Собранието дополнително ќе бидете информирани. Седницата на собрание е со следниот предложен дневен ред:
Најнови содржини
- Активности: Одржано редовно годишно собрание на ИКТ комората
- Седници на УО: Закажано годишно Собрание на ИКТ Комората
- Ние во медиумите: Утрински: Компјутерџиите се жалат дека „Телеком“ нефер им зема од пазарот
- Стопанство: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Соопштенија за медиуми: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Ставови: Второ писмо до Владата со забелешки за спроведување на Законот за ваучери








