Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Второ писмо до Владата со забелешки за спроведување на Законот за ваучери
Предмет: Забелешки во начините и условите за учество на ИТ компаниите при распределба на ваучерите за купување на компјутери
Почитуван г-дин Славевски,
Во врска со Проектот на Владата за доделување на ваучери на студентите во Р. Македонија, членовите на ИКТ Комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, одржаа итен состанок на кој се разгледуваа и дискутираа начините и условите за учество на домашните ИТ компании при распределбата на ваучерите споредбено со Законот за ваучери, што внесува дополнителни проблеми за спроведување на проектот .
На состанокот беа дадени определени забелешки кои како заклучоци Ви ги испраќаме во продолжение на ова писмо.
Активности, Ставови, Стопанство
Одржан итен состанок на групацијата за хардвер на ИКТ комората
На 01.11.2007 година во просториите на Сојузот на стопански комори се одржа итен состанок на членките на ИКТ Комората. Темата на овој состанок беше „Одлука на Владата на Р.Македонија за доделување на ваучери на студентите за купување на компјутери- начини и услови за учество на домашните ИКТ компании“.
На состанокот присутните дискутираа за начини и услови за учество на домашните ИКТ компании и беа дадени забелешки на начинот на изведување на оваа акција. (повеќе после скокот).
СтавовиПисмо до Владата по повод проблемите во намалениот ДДВ за компјутери
Н/р: г-дин Иво Ивановски министер за информатичко општество на Р. Македонија
Предмет: Мислење во врска со намалувањето на даночната стапка на ИКТ опрема
Почитуван г-дин Ивановски,
Во прилог следат мислењата во врска со намалувањето на даночната стапка на ИКТ опремата наменета за домаќинства и мали бизниси, како тема за која би сакале да дискутираме на нашиот следен состанок.
Сите компјутерски компоненти кои се вградуваат во компјутерски систем на PCI слот или директно се приклучуваат на компјутерот преку УСБ, паралелна или сериска порта, треба да бидат со повластена даночна стапка од 5%, како и носителот односно компјутерскиот систем од следните причини:
Ставови, СтопанствоПропуштените шанси на тендерот за компјутери
Каде се пропуштените шанси?
Актуелниот тендер на Владата за набавка на компјутери за училиштата претставува уште една пропуштена шанса (или, подобро речено, неколку пропуштени шанси), да се направат решителни чекори во правецот Македонија да добие посериозен импулс за развој на информатиката.
Импулси требаше да има во повеќе насоки, барем такви беа очекувањата на бизнис-заедницата на информатичката технологија.
Учениците требаше да добијат шанса да работат со најнова компјутерска технологија, а некои и првпат да дојдат во допир со неа. Македонските ИТ компании се надеваа дека ќе добијат (додуша, мал) дел од 30-те милиони евра наменети за ова, што би значело не само профит за нив, туку и посигурна иднина, особено во услови на развиен шверц и силен сив пазар на информатичка опрема.
Најнови содржини
- Активности: Одржано редовно годишно собрание на ИКТ комората
- Седници на УО: Закажано годишно Собрание на ИКТ Комората
- Ние во медиумите: Утрински: Компјутерџиите се жалат дека „Телеком“ нефер им зема од пазарот
- Стопанство: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Соопштенија за медиуми: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Ставови: Второ писмо до Владата со забелешки за спроведување на Законот за ваучери








