Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Второ писмо до Владата со забелешки за спроведување на Законот за ваучери
Предмет: Забелешки во начините и условите за учество на ИТ компаниите при распределба на ваучерите за купување на компјутери
Почитуван г-дин Славевски,
Во врска со Проектот на Владата за доделување на ваучери на студентите во Р. Македонија, членовите на ИКТ Комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, одржаа итен состанок на кој се разгледуваа и дискутираа начините и условите за учество на домашните ИТ компании при распределбата на ваучерите споредбено со Законот за ваучери, што внесува дополнителни проблеми за спроведување на проектот .
На состанокот беа дадени определени забелешки кои како заклучоци Ви ги испраќаме во продолжение на ова писмо.
Според член 17 од Законот за ваучери се вели дека „Министерот за финансии донесува упатство за спроведување на овој закон”, од таа причина членовитте на ИКТ комората бараат информација дали и со што министерот за финансии ги овластил г-дин Богданоски и г-ѓица Сузана Јаначкова да испраќаат информации до фирмите кои учествуваат во проектот на Владата за доделување на ваучери на студентите. Овие информации кои г-дин Богданоски и г-ѓица Сузана Јаначкова ги испракаат до фирмте се спротивни од содржината на самиот Закон за ваучери, со што се создава правен вакуум, со што фирмите се доведуваат до незавидна состојба.
Сметаме дека со ваквото работење нема да има унапредување на информатичко општество.
Членките на ИКТ Комората при ССК реагираат и на начинот на проследување на информации во врска со проектот. Сметаме дека информација во врска со промени на начин на спроевдување на проект која е добиена по е-маил и тоа за времетраење на самиот проект не е во ред бидејќи постои голема веројатност овој е-маил да не биде прочитан. Доколку постои промена на законот и тоа во текот на спроведување на проектот тогаш таа информација треба да дојде написмено со печат и потпис од министерот кој донесува упатство за спроведување на овој закон.
Г-дине Славевски Ве молиме да ни доставите одговор на овие наши прашања најдоцна до 15.11.2007 година (четврток), како би можеле непречено да го спроведуваме проектот.
Со почит,
Ванчо Орданоски, претседател на ИКТ Комора
Никола Ефтимов,извршен директор
Копие: г-дин Иво Иваноски, министер за развој на информатичко општество
Писмо до министерот Трајко Славевски - 14 ноември 2007 (pdf).
Внесете одговор
Како водечка бизнис асоцијација на ИТ индустријата, Комората има задача континуирано да работи за подобрување на бизнис климата и да ги штити интересите на своите членки.