Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
После интензивна подготовка, на 20 јуни 2008 ИКТ комората до Комисијата за заштита на конкуренцијата достави Барање за поведување на постапка против „Македонски Телеком АД“.
Еве го пропратното писмо, а можете да го преземете и Барањето до Комисијата за заштита на конкуренцијата (PDF, 160 KB).
Почитувани господа,
Би сакале да ве известиме за испраќањето на нашето Барање за поведување постапка за заштита на конкуренцијата, доставено до Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Во ова барање, аргументирано докажуваме дека „Македонски Телеком АД” (Телеком) континуирано ги прекршува Уставот, релеватните закони и спогодби, на тој начин што ја злоупотребува својата доминантна положба на пазарот и врши нелојална конкуренција во полето на продажба на компјутерска опрема.
Со ваквото дејствување, Телеком директно ја доведува во криза ИТ индустријата во Македонија. Дека не се работи само за формална изјава, зборува и фактот што - според проценките кои ги имаме на располагање - Телеком на пазарот на персонални компјутери учествува дури со 50% од прометот (25 - 30,000 комплети годишно). Што тоа значи за компаниите кои се бават со овој вид дејност, а особено оние помалите, можете лесно да претпоставите. Во нашата комора постојано пристигнуваат поплаки од колегите кои се жалат на драстично намалениот промет.
Истовремено, би сакале да укажеме на уште еден момент. Имено, познат е фактот дека македонската држава поседува голем број на акции во Телеком и има влијание во неговото управување и начинот на делување.
Доколку државната администрација итно не постапи по нашето барање, тоа ќе претставува редок пример на неетичко однесување на државата која со своето дејствување директно им конкурира на сопствените даночни обврзници - компаниите од ИТ индустријата, притоа доведувајќи ги на работ на егзистенцијата.
Затоа, Ве молиме внимателно да го разгледате нашето барање и во рамките на законските ингеренции и можности веднаш да преземете соодветна акција.
Срдечен поздрав,
Ванчо Орданоски,
претседател на ИКТ Комората при ССКМ
Копие:
- Премиерот на Владатана Р.М- г-дин Никола Груевски
- Министерот за ИО - г-дин Иво Ивановски
- Министерството за економија
- Делегацијата на Комисијата на ЕУ во Македонија
Внесете одговор
Како водечка бизнис асоцијација на ИТ индустријата, Комората има задача континуирано да работи за подобрување на бизнис климата и да ги штити интересите на своите членки.