Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Можност за учество на Форум на македонската ИКТ индустрија во Силиконска долина
Би сакале да ве информираме дека, од страна на амбасадорот во САД, г-дин Зоран Јолевски, добивме покана за учество на „Форум за преставување на македонската ИКТ индустрија во САД”, кој ќе се одржи во ноември оваа година, во Силиконската долина, Калифорнија.Целта на Форумот е преставување на македонската ИКТ индустрија во САД и воспоставување на контакти помеѓу овие две земји. Форумот ќе се состои од три сегменти:
Во првиот сегмент ќе биде претставена Р.Македонија, во вториот дел ќе биде претставувањето на ИКТ секторот од нашата држава, а потоа е предвидено да се остварат директни, билатерални контакти помеѓу американските и македонските компании. Целиот настан ќе трае еден ден.
На средбата е предвидено да имаат свое обраќање и г-дин Никола Груевски, премиер на Влада на Р.М, г-дин Зоран Ставрески, вице премиер одговорен за економски прашања, г-дин Иво Ивановски , министер за ИТ, преставник на Масит и преставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Исто така, свое обраќање ќе имаат и г-дин Мајк Зафировски, претседател и CEO на Нортел, г-дин Мајк Ајник, поранешен амбасадор на САД во Македонија и г-дин Дик Голдман поранешен директор на УСАИД Македонија (треба да се потврди) .
Ве молиме да ни доставите конкретни забелешки и коментари, за да може нашата амбасада во САД да обезбеди средби со кластери на ИТ компании со кои би сакале да остварите средби.
Ве молиме, доколку сте заинтересирани за учество на Форумот, да го пријавите Вашето учество на тел/факс: 3091 440 е-маил: info@sojuzkomori.org.mk , контакт лице Александра Трајковска, координатор на ИКТ Комора Македонија на „ССК”.
Внесете одговор
Како водечка бизнис асоцијација на ИТ индустријата, Комората има задача континуирано да работи за подобрување на бизнис климата и да ги штити интересите на своите членки.