Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Закажано годишно Собрание на ИКТ Комората
Почитувани членови на ИКТ Комората,
Претседателот на ИКТ Комората, г-дин Ванчо Орданоски, свикува седница на Собранието на Комората.
Седницата на Собрание ке се одржи на 10 февруари 2008 год. (вторник) во 12:00 часот.
За просториите во кои ќе се одржи седницата, дополнително ќе бидете известени.
Предлогот на дневен ред за седницата на Собранието е следниов:
- 1. Усвојување на Записникот од одржано редовно годишно Собрание на ИКТ Комората на 01.02.2008
- 2. Извештај за работењето на Комората во 2008 година План за активности во 2009 година
- 3. Избор / реизбор на Претседател на комората
- 4. Избор / реизбор на членови на Управен одбор на комората
- 5. Избор / реизбор на членови на Надзорен одбор на комората
- 6. Разно
Евентуалните забелешки и додатоци на дневниот ред за седницата на Собранието, членките ќе можат да ги искажат на проширената седница на Управен одбор, која ќе биде подготовка на Собранието. Оваа седница ќе се одржи една недела пред седницата на Собранието, а дополнително ќе Ве известиме за точните датум и место на одржување.
Ве молиме да го пријавите вашето учество на телефон 02/3091-440 или на е-маил: iktkomora@sоjuzkomori.org.mk
Внесете одговор
Како водечка бизнис асоцијација на ИТ индустријата, Комората има задача континуирано да работи за подобрување на бизнис климата и да ги штити интересите на своите членки.