Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Акти
Мисија на ИКТ Комората на Република Македонија
Комората е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација чија мисија е постојано да ја зголемува конкурентноста на компаниите членови на Комората, да го унапредува македонското деловно опкружување и да ја зголемува продажбата на производите на своите членки на глобалниот пазар.
Стратешки цели
- Комуникации. Промовирање и зголемување на угледот на Комората во јавноста преку доставување на навремени, точни и релевантни информации;
- Застапување. Воспоставување на успешна програма за застапување на членките кон двете нивоа на власт во Македонија што ќе резултира со позитивни и ефективни промени на економијата заради заштита на деловните интереси на членовите на Комората;
- Услуги за членовите. Развој на специфични индустриски активности и иницијативи кои ги подобруваат претприемачките вештини на компаниите членови и ја унапредуваат конкурентноста и продуктивноста;
- Поврзување. Создавање на програм за вмрежување кој овозможува врски на Комората и членките на Комората меѓу себе, другите Комори и деловни здруженија, владата и локалната самоуправа, НВО, образованието и меѓународната заедница;
- Членство. Организирање на активности кои ќе го зголемат членството на Комората и со тоа ќе ги зајакнат позициите на Комората во општеството.
Документи
- Статут на ИКТ Комората (pdf датотека, 183KB)
Како водечка бизнис асоцијација на ИТ индустријата, Комората има задача континуирано да работи за подобрување на бизнис климата и да ги штити интересите на своите членки.