Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
Зачленување
Членови на Комората
Членови на комората се стопански субјекти кои во соодветен регистер имаат регистрирана стопанска дејност – информатички инженеринг, производство на компјутери и електронски уреди, производство на софтвер, информатички услуги, едукација, дигитални медиуми, електронски комуникации и други услуги. Член на Комората може да биде и било кое друго лице или организација, македонски граѓанин или странски државјанин со седиште во Македонија, кој ги исполнува сите услови за членство во Комората согласно правилата што ги определува Комисијата за членство на Комората и Законот за стопански комори.
Комисија за членство
За прашања поврзани со приемот на нови членови, одржување на членството и престанок на членовите, одговорна е Комисијата за членство. Оваа комисија се состои од Претседателот на Комората и други два членови на Комората.
Прием на нови членови
Собранието го потврдува приемот на нови членови на Комората, согласно законот и овој статут.
За да се биде примен во Комората и да се одржи членството во Комората, секој член мора да има добра репутација во општеството и таа репутација да е прифатлива за Комората.
Кандидатите треба да ги испраќаат нивните пристапници до Комисијата за членство, која ги прифаќа или одбива таквите пристапници на нејзиниот нареден состанок. Сите кои се пријавиле и на кои им е одобрено зачленување во Комората, ќе бидат известени написмено за одлуката на Комисијата за членство.
Кога одлучува за нови членови, Комисијата за членство го применува дискрециониот принцип: не ги образложува негативните одлуки.
Комисијата за членство ги испраќа своите предлози до УО за одобрување. Ова одобрување УО го прави за време на редовно свиканите седници или по пат на гласање преку електронска пошта. На годишно ниво, Собранието јавно ќе ги потврди или јавно ќе ги одбие членовите кои биле одобрени или одбиени од УО. Пред гласањето на Собранието, УО секогаш работи во име на Собранието во врска со новото членство. Доколку нема јавно изразени приговори од некој член на Собранието, предлозите на Комисијата за членство и на УОќе се сметаат за валидни и ќе претставуваат bona fide членство во Комората.
Кога новите членови се прифатени од УО, ќе им се испрати фактура за коморската членарина, која треба да се плати во рок од 15 (петнаесет) дена од приемот на фактурата.
Ќе се смета дека членовите немаат “добра репутација” доколку не ја платат членарината благовремено. Потпретседателот за финансии е задолжен за испраќање на информација за евентуалните задоцнувања со плаќањето до членот кој доцни.
Комисијата за членство е овластена да ги извршува своите должности во врска со условите за прием и класификацијата на членовите.
Членовите ќе добијат потврда за членство и членски карти.
Како водечка бизнис асоцијација на ИТ индустријата, Комората има задача континуирано да работи за подобрување на бизнис климата и да ги штити интересите на своите членки.