Комората за информатичко - комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Стопанска комора за информатичко-комуникациски технологии и услуги
Градиме одржливо општество со промовирање на економскиот развој. Така придонесуваме за подобар квалитет на живеењето во Македонија.
100.000 компјутери на Груевски стојат во магацин
(Пренесено од „Вест“ од 05 фев. 2008)
ФИЈАСКО - И ПО ЕДНА ГОДИНА ОД АКЦИЈАТА “КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ”
Во битолската гимназијата “Јосип Броз Тито” велат дека уште ги чекаат масите за компјутерите. Само три средни училишта во државата добија половина од потребните компјутери
Владиниот проект “Компјутер за секое дете” што пред повеќе од една година го најави премиерот Никола Груевски се уште не е реализиран.
Цела година се проверува електричната инсталација во училиштата и речиси сигурно е дека компјутерите нема да влезат во школите до крајот на оваа учебна година.
“Од вкупно 100.000 компјутери кои треба да бидат донесени во училиштата, 90% од нив се пристигнати во земјава и се чуваат во магацини. Останатите треба да пристигнат во март”, вели Дрита Мамути, портпарол во Министерството за образование и наука. “Сега се работи на подобрување на електричната инсталација. Пред две недели испративме допис до сите училишта во кој ги информираме дека екипи на Македонската радиодифузија ќе доаѓаат да ја проверат инсталацијата. Тие ќе вршат вмрежување на компјутерите”, објасни Мамути.
Седница на Управен одбор на ИКТ комора
Драги членки,
Ве информираме дека г-дин Ванчо Орданоски, претседателот на ИКТ Комората при Сојузот на стопански комори на Македонија свикува седница на Управниот одбор во проширен состав. Ова значи дека се поканети и добродојдени сите членки на комората.
Седницата ќе се одржи на 8 февруари 2008 година во Штип, со почеток во 15 часот. За просториите каде ќе се одржи седницата, дополнително ќе бидете известени.
Бидејќи просторот е ограничен и треба да се планира, ги молиме сите оние кои сакаат да присуствуваат да го пријават своето учество на ikt@sojuzkomori.org.mk или на телефон/факс 02/3091-440.
(читајте понатаму за дневниот ред…)
АктивностиОдржано редовното годишно собрание на ИКТ комората
На 1 февруари 2008 се одржа редовното годишно Собрание на ИКТ Комората на Република Македонија.
Откако се усвои записникот од минатото собрание, се премина на останатите точки од дневниот ред.
Беше даден извештај за работењето на Комората во 2007 година. Во минатата година имавме многу активности, средби и контакти. Комората со свои претставници учествуваше и во неколку државни комисии, а со своите барања и сугестии активно делува и во акциите на Владата во врска со информатичкото општество. Исто така, се вршат средби со странски и домашни инвеститори, се дискутира со разни истражувачки мисии на ЕУ, ММФ, Светската банка и сл.
Активности, СтопанствоСостанок на ИКТ комората со министерот Иво Ивановски
На 31.01.2008 година претставници од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија одржаа состанок со Министерот без ресор одговорен за информатичко општество - г-дин Иво Ивановски. На овој работен состанок како претставници на ИКТ присуствуваа следниве претставници:
- Ванчо Орданоски, претседател на ИКТ комора Македонија
- Методија Пејоски, член на Управен одбор на ИКТ комора Македонија
- Саша Огненовски, член на Управен одбор на ИКТ комора Македонија
- Александар Пајковски, член на ИКТ комора Македонија
- Богдан Тодоровски, член на Управен одбор на ИКТ комора Македонија
- Александра Трајковска, координатор во ИКТ комора Македонија
Активности, Седници на УО
Записник бр. 01/08 од одржаната седница на УО на ИКТ Комората на Македонија на 10.01.2008 година
24 January 2008Дневен ред
1. Усвојување на Записник од претходно одржана седница на Управен одбор на ИКТ комора Македонија
2. Закажување на редовно годишно собрание на ИКТ комора
3. Разно.Управниот одбор можеше полноправно да одлучува бидејќи на седницата имаше кворум (седум члена од Управниот одбор).
Преземете овде : Записник бр. 01/08 од одржаната седница на УО на ИКТ Комората на Македонија на 10.01.2008 година (pdf).
Најнови содржини
- Активности: Одржано редовно годишно собрание на ИКТ комората
- Седници на УО: Закажано годишно Собрание на ИКТ Комората
- Ние во медиумите: Утрински: Компјутерџиите се жалат дека „Телеком“ нефер им зема од пазарот
- Стопанство: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Соопштенија за медиуми: Доставено барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата
- Ставови: Второ писмо до Владата со забелешки за спроведување на Законот за ваучери








